Вистинска драма се одвивала вчера во местот Долац, кај Травник (БиХ), кога во семејна куќа влегла огромна змија. Според информацијата, во тој момент во куќата била мајката со двете мали деца. Таа веднаш ги повикала соседите напомош.
„Отидов со мојата сопруга за да ги смириме исплашените деца и веднаш повикавме пожарникари. Од таму им дале инструкции никако да не се доближуваат до змијата сè додека не пристигнат надлежните. Од мојот повик поминаа само пет минути и тиe пристигнаа“, раскажува сведок на случувањата за Klix.ba.
Припадниците на Територијалната противпожарна единици од Травник набргу успеале да ја извадат змијата од куќата по што таа била пуштена во природа, во ненаселено место.