(Видео) Џамбаски до Османи: Нема две верзии на историјата, Гоце Делчев е Бугарин

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата. Тој исто така додава дека Бугарија нема да прави компромиси.

„ Бугарија нема да прави компромиси за историската вистина. А таа, господине Бујар Османи, е дека Самоил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин. А ВМРО отсекогаш се борела за ослободување на Бугарите во Македонија. Не може да се претстават две верзии на историјата, бидејќи таа е една, наша, заедничка, за која има милиони сведоштва и за која зборуваме во Договорот за добрососедство. Сите други толкувања се недозволиви и ја поддржуваат лагата на македонизмот“ напиша на Фејсбук Џамбаски.

Треба да знаете
Последни објави