Руската делегација пристигна во Истанбул, каде денеска треба да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите нации за извоз на жито од Украина, изјави за руските медиуми неименуван дипломатски извор. Според изворот, големи се шансите да се постигне консензус за извоз на украинско жито на преговорите кои се водат на тајна локација.
Украина е важен извозник на земјоделски производи и нејзината неспособност да ги достави своите резерви на жито на пазарот поттикна зголемување на цените и загриженост за глобален недостиг на храна.