Денеска МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност заедно со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија почнаа со превентивната акција „Вози одморен” на граничниот премин Табановце. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор. „За нас и за нашите колеги од соседна Србија подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, вклучително и за време на туристичката сезона, е императив. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година има 44 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 58″, рече министерот Оливер Спасовски.
„Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите на моторни возила, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, почесто да прават паузи за одмор, оние кои патуваат на подолги релации да запираат барем на секои 2 часа за да направат пауза од 15 мин, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално. Покрај заморот, брзината и алкохолот се главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици”, апелираше претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
Директорот на агенција за безбедност на сообраќајот на Србија, Бранко Стаматовиќ изрази задоволство поради заеднички спроведената кампања ,,Вози одморен” помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија, бидејќи голем дел на граѓани од Република Србија транзититаат низ Република Северна Македонија во текот на летниот период.
,,Покрај брзото возење и возењето под дејство на алкохол, исто така и управувањето возило кога сме заморни влијае во голема мерка на безбедноста во сообраќајот. Исто така важно е пред да тргнеме на пат задолжително да ја провериме техничката исправност на возилото, истакна Стаматовиќ.
Една од целите на кампањата „Вози одморен” е да се потсетат возачите за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот како и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор. МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.