Ве информираме дека од утре, петок (15.07.2022 година) Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.
Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Потсетуваме дека до Средно Водно сообраќаат три линии:
- 25 (Транспортен центар-Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник
- 25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
- 25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празниксе бесплатни за сите категории патници/граѓани.