Почина Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ивана почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството. Таа беше првата сопруга на Доналд, со кого заедно имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.
– Нашата мајка беше неверојатна жена. Силнаво работа, спортист од светска класа, прекрасна убавица и грижлива мајка и пријателка, се вели во соопштението на семејството Трамп.
-Таа побегна од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на решителност и цврстина, сочувство и одлучност, велат од семејството.
Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.