И за денеска најавен протест против францускиот предлог. Досегашните протести „Ултиматум – НЕ благодарам“ започнуваа во 19:00 часот, додека пак денешниот протест ќе започне во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија.
– Масовно да излеземе и да кажеме НЕ за предлогот кој се прифаќаат сите бугарски услови. Власта е должна да го слуша гласот на народот кој е против ваков ултиматум со кој се бугаризираат македонскиот идентитет, јазик и историја, соопштуваат од „Ултиматум – НЕ благодарам“ и го повикуваат народот на мирен и достоинствен сенароден протест.