Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави твит на македонски јазик. Фон дер Лајен на својот твитер профил објави твит со видео од својот говор кој денес го одржа пред пратениците во македонскиото Собрание, а твитот беше напишан на македонски јазик.
-Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам, стои во Твитер објавата.
🇲🇰 Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022