Василевска: Бугарија како членка на ЕУ не ги почитува базичните принципи за човековите права врз кои почива Унијата

„Во овој момент би сакала да се потсетиме и да ги поздравиме и Македонците кои што живеат во Бугарија и кои што и покрај многу пресуди во Хаг се уште немаат ниту право да регистрираат здружение. Би сакала да ги поздравам и сите етникуми кои во границите на Балканот живеат во различни држави и кои што имаат различен третман. Македонија е мајка на многу и ги прибира сите, но очекува дека и другите ќе имаат милост спрема неа и дека ќе покажат разбирање за оние чувства кои што ги има македонскиот народ”, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Василевска додаде дека ветото на Бугарија врз почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ базирано врз рамковната позиција на бугарската Влада за приемот на Македонија во ЕУ во суштина јасно ги оцртува позициите кои поодамна преовладуваат кај политичката и интелектуалната елита кај Бугарија.

„Да не зборуваме за изјави на бугарски интелектуалци, политичари и дипломати кои ја негираат посебноста на Македонците и македонскиот народ. Она што веднаш паѓа во очи е дека денес Бугарија како членка на ЕУ во овие свои документи не ги почитува базичните принципи за човековите права врз кои почива Унијата”, нагласи Василевска.

Пратеничката укажа дека не може Бугарија да бара да се фалсификува историјата.

„Првиот човек во државата не е Димитар Ковачевски, сите знаеме дека првиот човек е Зоран Заев. Зоран Заев ова веќе го договори, а ние ви го зборувавме и во 2017-тата година”, потсети Василевска.

Треба да знаете
Последни објави