Пред Собранието се протестира против францускиот предлог.
Една од демонстрантките му се обрати на претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Стево опули се, имаш деца и овој народ немој да те колне, децата патат. Немој Стево, деца имаме, ќе загинам за Македонија. Јас сум од Западна Македонија Стево, Мијачка, како тебе и ти си Мијак. Погледни ме имам 65 години, гајле немам, 10 години се борев со судот и го добив правото. Десет години ме маче и аир да не видат тие што ме мачеа. Опули се, стави дупли наочари Стево ако не гледаш, овој народ е гладен“, рече демонстрантката, објави Макфакс.
Пред Собранието се скандира „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.