Компанијата за криптовалути „Целзиус Нетворк“ го започна процесот на поднесување барање за заштита од стечај поглавје 11, еден месец откако ги суспендираше сите трансакции на својата платформа. Тоа значи дека „Целзиус“ одлучила да влезе во фаза на управуван банкрот од кој има враќање. Компанијата соопшти дека ќе се обидат да го стабилизираат нивниот бизнис со реструктуирање на начин што „ја максимизира вредноста за сите засегнати страни“. Од таму велат дека моментално има 167 милиони долари во готовина за да продолжи со работа.
„ Ова е вистинската одлука за нашата заедница и компанија“, рече Алекс Машински, ко-основач и извршен директор на Целзиус. „ Убеден сум дека кога ќе погледнеме наназад на историјата на „Целзиус“, ќе го видиме ова како одлучувачки момент, каде што дејствувањето со решителност и доверба служеше на заедницата и ја зајакна иднината на компанијата.
„ За жал, ова беше очекувано. Беше предвидено. Сепак, ова не ги запира нашите истраги. Ќе продолжиме да ја истражуваме компанијата и да работиме на заштита на нејзините клиенти, дури и преку нејзината несолвентност“, рече Џозеф Ротонда, извршен директор во Државната комисија за хартии од вредност во Тексас.
„Целзиус“ има повеќе од 100.000 доверители, кои би можеле да вклучуваат клиенти и други договорни страни, според барањето за стечај.
Неговото најголемо необезбедено побарување е 81 милион долари од „Фонд Фарос“ со седиште на Кајманските Острови. „Целзиус“ е еден од најголемите играчи во просторот за крипто-заеми со повеќе од 8 милијарди долари заеми на клиенти и скоро 12 милијарди долари во средства под управување од мај. Компанијата соопшти дека во јуни имала 1,7 милиони клиенти, а плаќала годишни каматни стапки до 17 отсто.
Компанијата би позајмувала крипто-купувачи на други договорни страни, кои се подготвени да платат неверојатно високи каматни стапки за заемот. „Целзиус“ потоа би делеле дел од тој приход со корисниците. Но, структурата пропадна поради кризата со ликвидноста во таа индустрија.