Македонија иако има свои слабости, иако скоро ниедна институција не е во корелација со интегрираните модерни држави, сепак има своја душа, има свој идентитет и повеќе од сите други држави на балканот демократски докажа дека нејзиниот пат е чист и незаслужува дополнително ништење на својата нација.
ОМД како и секогаш досега го поддржува интегритетот и сувереноста на Македонија како и го поддржува Европскиот пат и иднина на државата. Затоа е природно еднаш Македонците да бидат во право и барем еднаш да не се согласат со предлогот на Европската Унија.
Имајќи предвид дека Македонија веќе 20години е на патот да го премине прагот како земја кандидат за членство во ЕУ, и ги остварува сите барања спрема унијата, ова е право време самата Унија да одигра џентламенски, ги прифати барањата на Македонците и го заштити Македонскиот идентитет и нација.
Утре, сите заедно мирно и достоинствено како Македонци да кажеме НЕ и се исправиме гордо над нашето сонце!”