Почна протестот пред Собранието против францускиот предлог

Пред Собранието денеска напладне почна протестот против францускиот предлог.

„Македонци уште се борат за своите правдини”, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати”, „Стоп за бугаризација” се дел од пораките на учесниците на протестот, кои се собраа со знамиња и транспаренти, а присутен е и претседателот на Левица Димитар Апасиев.

Протестот е организиран од Левица, а за подоцна во 13:30 е најавен и од страна на ВМРО ДПМНЕ.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави