Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати меил на Парламентот, каде поднесува оставка од претседателската функција.
Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили.
Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета”, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил.
За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател.
Незадоволни граѓани на Шри Ланка сега бараат оставка од премиерот.
Земјата има недостиг од храна, лекови, гориво и се наоѓа во најлошата економска криза од стекнувањето на својата независност во 1948 година.