Неколку табли јајца и тоалетна фрлија демонстрантите кон Собранието додека на звучници се слушаше говорот на Урсула фон дер Лајен во Собрание. Оди си, предавници се скандира кон неа и со црвена боја се прават црвени “крвави” раце пред Собрание.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои:
– Ултиматум не благодарам
– Да за ЕУ, не за асимилација
– Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот
– Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна
– Ние сме Македонци не бугари
– Бугарија, засрами се
– Нема иднина без историја
– Македонија не е на продажба
– СДСМ предавници на народот
Фото: Слободан Ѓуриќ