Шкендија продолжува, Академија Пандев заврши со настапот во Конференциската лига

Шкендија се пласира во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА откако попладенво и на гостувањето против ерменскиот Арарат обезбеди поволен резултат (2:2) и со вкупни 4:2 продолжи ва понатаму. Академија Пандев во истото натпреаврување и како домаќин, на теренот во СЦ „Петар Милошевски“ во Скопје е поразена од полската Лењхија со 2:1 и во вкупни 6-2  го заврши својот втор настап на меѓународната сцена уште во првата квалификациска рунда.

Тетовска Шкендија по победата од 2:0 во Скопје ја имаше фаворитската улога и на реваншот -против Арарат, па малку несотасуваше да ја потврди и со втор триумф. Браво си постигна автогол во втората минута за водство на Шкендија од 1:0. Во судиското продолжение од првото полувреме Гури постигна гол за водство на Шкендија од 2:0 по што беше јасно дека ќе патува во втората рунда.

Во второто полувреме Малакјан даде два гола и го израмни резултатот 2:2, но тоа не беше доволно Арарат да ја елиминира Шкендија кој во следното квалификацико коло ќе игра со Валмиера од Летонија.
Академија Пандев пропушти да дојде до прв позитивен резултат на меѓународната сцена. Имаа прилики во првиот дел, но не и резлизација, па на крајот беа казнети од полскиот состав.
Гајос со прекрасен гол од далечина во 37 минута донесе водство за Лехија од 1:0. Во 59. минута Митровски го израмни 1:1, но гостите со погодок на Питрзак во 82. минута дојде до нова победа.
Треба да знаете
Последни објави