Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Израел, веднаш по напуштањето на претседателскиот авион се запраша „што правам сега“, а потоа направи уште една, посериозна грешка кога зборуваше за холокаустот, заменувајќи ги зборовите „чест“ и „ужас“. Гафот молскавично се рашири на социјалните мрежи, повторно поставувајќи прашања за неговото ментално здравје.
„ Во Израел сум за да им оддадам почит на шесте милиони еврејски животи украдени во геноцидот и да го продолжам она што мораме да го правиме секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ги одржуваме живи вистината и честа на Холокаустот… ужасот на холокаустот. “, рече Бајден.
Бајден ја поправи грешката, но се бореше да го прочита говорот и се бореше да го изговори името на Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим.
Американскиот претседател вчера попладне пристигна во Израел, што е првиот дел од четиридневната турнеја на Блискиот Исток, при што ќе ги посети и окупираниот Западен Брег и Саудиска Арабија. Поранешниот лекар од Белата куќа, Рони Џексон, сега член на Конгресот, пред неколку години предупреди за влошување на когнитивните способности на Бајден. Коментарите на социјалните мрежи најмногу се сведуваат на тоа дека „нашиот претседател е сенилен“, а многумина се прашуваат како може да греши кога „има подготвен говор напишан со огромни букви“.