Најмалку 12 лица загинаа, а 25 се ранети во руски напади во централна Украина, пренесе Бета повикувајќи се на украинската служба за итни случаи. Цел на нападите била и Виница, град кој досега беше донекаде поштеден од борби. – Во 12:15 часот (9:15 часот по Гринич) 12 загинати и 25 повредени, објави на Фејсбук украинската служба за итни случаи.
Како што се додава, во моментов се гасат пожарите предизвикани од нападите.
За нападот информира и украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
– Виница. Ракети го погодија центарот на градот. Има повредени и убиени, меѓу нив и мало дете. Секој ден Русија уништува цивили, убива украински деца, насочува проектили кон цивилни објекти. Каде што нема ништо воено. Што е ова ако не е отворен терористички акт? Нелуѓе. Земја убиец. Терористичка земја, напиша Зеленски на Фејсбук. ј