Руската државна телевизија Раша Тудеј ќе отвори свое претставништво во Србија. Станува збор за ТВ станица забранета од ЕУ поради поттикнување и поддршка на руска агресија против Украина.
Љубинка Милинчиќ, главен и одговорен уредник на Спутник Србија, за Нова.рс потврди дека се подготвува отворањето на тој канал. – Да тоа е точно. Сега нема да почне да работи во Србија, туку се подготвува – вели таа.
Според информациите на Нова.рс, на чело на таа телевизија ќе биде ќерката на Милинчиќ, но таа ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација.
Советот на ЕУ уште во март одлучи да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник низ ЕУ. Како што пренесуваат медиумите, санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како кабелска, сателитска, ИПТВ, платформи, веб-страници и апликации, а сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција се суспендирани, соопшти Советот на ЕУ, пренесуваат медиумите.