Шкендија се пласира во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА откако попладенво и на гостувањето против ерменскиот Арарат обезбеди поволен резултат (2:2) и со вкупни 4:2 продолжи ва понатаму. Академија Пандев во истото натпреаврување и како домаќин, на теренот во СЦ „Петар Милошевски“ во Скопје е поразена од полската Лењхија со 2:1 и во вкупни 6-2 го заврши својот втор настап на меѓународната сцена уште во првата квалификациска рунда.
Тетовска Шкендија по победата од 2:0 во Скопје ја имаше фаворитската улога и на реваншот -против Арарат, па малку несотасуваше да ја потврди и со втор триумф. Браво си постигна автогол во втората минута за водство на Шкендија од 1:0. Во судиското продолжение од првото полувреме Гури постигна гол за водство на Шкендија од 2:0 по што беше јасно дека ќе патува во втората рунда.