Битолчанец со хебла претепал кичевка пред нејзиниот дом за да и го украде велосипедот

На 14.07.2022 во 10.00 часот на ул.„Прилепска” во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола. Тој се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И.(68) од Кичево.

Според пријавеното, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал.

И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави