Хума Абедин, поранешната десна рака на Хилари Клинтон, е новата љубов на Бредли Купер. Некои медиуми објавија во четвртокот дека актерот од „Ѕвездата е родена“ има нова партнерка, која не е ниту актерка ниту модел, туку политичарка, односно долгогодишна асистентка на Хилари Клинтон особено во текот на нејзината претседателска кампања.
Хума беше во брак со поранешниот конгресмен Ентони Вајнер, со кого има 10-годишен син.
„Пејџ сикс“ пренесува дека Бредли и Хума ги запознала славната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
Порталот цитира извор близок до парот: „Ана беше стројникот. Таа му е најдобра пријателка на Бредли, и ја обожава Хума.“
„Бредли тивко се забавува со Хума веќе неколку месеци, двајцата преферираат да бидат далеку од очите на јавноста,“ рече инсајдерот. „Тие се совршени еден за друг.“
47-годишниот актер неодамна во едно интервју проговори за заедничко родителство со поранешната партнерка Ирина Шајк, со која ја има петгодишната ќерка. Тие беа заедно четири години пред да се разделат во летото 2019 година. Бредли искажа пофални зборови за Шајк, нарекувајќи ја неверојатна мајка на нивното дете.