Последните случувања во Собранието јасно покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на блокатори, лицемери и насилници.
Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа дебата за францускиот предлог а кога предлогот стигна овде во Собранието кога по него треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира.
Ова ли е партија која наводно е за интеграција во ЕУ? Наместо дебата, аргументи, тие го резилат Собранието, ја резилат државата пред високи претставници на ЕУ и пред целата европска јавност.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ниту ги интересира ЕУ, ниту сакаат во ЕУ, тие сакаат да се вратат назад во времето на Груевски, да не затворат назад во минатото, да не заробат без иднина и без припадност на Европа.
Со почетокот на преговорите, државата оди напред, нема враќање назад во режим и изолација и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се нервозни и уплашени.
ВМРО-ДПМНЕ ниту може ниту сака да ја води државата напред, затоа што не сакаат дебата, затоа што додека ЕУ вели дека јазикот и идентитетот се заштитени, тие палат хартии во Собранието, фрлаат јајца врз објектот, додека ЕУ вели сакаме да ве видиме внатре во Унијата, тие велат НЕ.
Можат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да свират, да кршат, да се закануваат, државата и без нив оди напред.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени дека остануваат на спротивната страна од државните интереси, одбработувајќи за туѓи центри на моќ на штета на интересите на граѓаните.