Актуелниот хрватски фудбалски правак Динамо Загреб, противникот на Шкупи во вторник во првиот меч од второто квалификациско коло во ЛШ, ја почна одбраната на шампионската круна во ХНЛ-лигата со победа против градскиот ривал Локомотива остварена со гол во 91-та минута за комплетен пресврт од 3:2.
Двајцата македонски репрезентативеци во тимот од Максимир, Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа во тимот на „модрите“. Локомотива по 23 минути игра имаше два гола предност со погодоците на Куленовиќ во четвртата и Алију во 23-та минута. „Модрите“ преку своето најголемо засилување во нападот Јосип Дрмиќ се вратија во игра, откако даде голови во 26-та и 35-та, но дури во финишот шампионот дојде до победата.
Лука Менало погоди во првата минута од судиското надополнување за триумфален старт на „модрите“.