Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години не успеа да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во четвртфиналето од Словенија со 63-36 (28-15).
Избраничките на селекторот Јелена Антиќ беа резултатски инфериорни во натпреварот и на крајот претрпеа висок пораз.
Словенките заминаа на полувреме со предност од 13 кошеви која во вториот дел само ја зголемија и заслужено се пласираа во полуфиналето на ЕП во Скопје.