За време на вториот ден од расправата на собраниската седница за францускиот предлог, која денеска повеќепати беше на работ на хаос вечерва се случи уште една тензична ситуација, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка меѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ.
На снимката од инцидентот, која ја објави Алсат, се гледа како Костовски го допре Апасиев кога овој поминуваше покрај него, по што други пратеници мораа да интервенираат за да спречат тепачка меѓу колегите.