(фото) Нема никој пред Собрание, толку од протестот

Собранието на Северна Македонија денеска ја продолжи расправата за францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за преговори со ЕУ во слична атмосфера како што и започна вчера со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаат пратениците на СДСМ.

Единствена точка на дневниот ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни“.

Владата на Димитар Ковачевски, на барање на опозицијата до Собранието достави додаток на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, кој беше проследен до парламентот на 7 јули за „разгледување и донесување дополнителни заклучоци“.

Со извици „никогаш Северна“, „Бесилка“,  почнаа протестите неколку денови траеше пред Собранието против францускиот предлог кој е на дневен ред на пленарна седница пред пратениците. Но во моментов пред Собранието нема никој изгледа толку е од протестот.

Треба да знаете
Последни објави