Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Нервозата кај деструктивната, антиевропската партија ВМРО-ДПМНЕ кулмира, а се манифестира со навреди, говор на омраза и скандалозни споредби во македонското Собрание. ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нацист.
Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Европската унија, нашите пријатели од Германија се нацисти!Навредливиот речник на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за секаква осуда и го урива угледот на државата и на законодавниот дом.
Дали за ВМРО-ДПМНЕ нацисти се и инвеститорите од Германија кои имаат инвестирано милиони евра во нашата татковина?
Зарем за ВМРО-ДПМНЕ Кромберт и Шуберт, Дркселмајер, Гересхајмер кои веќе имаат фабрики во земјава се нацисти?
Или можеби германските фондации, како Конрад Аденауер со која соработува токму ВМРО-ДПМНЕ?
И тие ли се нацисти за ВМРО-ДПМНЕ?
Почитувани, ова е срамно однесување на ВМРО ДПМНЕ и за секаква осуда.
Поддршата од нашите пријатели од Германија и од Еврпската унија е за поздравување и сите сме благодарни за тоа.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат јавно и да побараат одговорност од нивната пратеничка од Битола.
СДСМ повикува на разум и на рационално и културно однесување со почитување на сите граѓани.