Како кула од карти им се сруши лага на предавниците од власта за заштита на идентитетот и македонскиот јазик.
Ни 24 часа не траеја аплаузите на предавниците од СДСМ и нивната коалиција во Собранието за некаква си заштита на македонскиот јазик.
ЕУ експресно ги демантираше лагите на предавниците Ковачевски, Османи и Маричиќ.
Вчера од портпаролката на Европската комисија јасно и недвосмислено слушна македонската јавност, дека македонскиот јазик не е заштитен и загарантиран.
Откако таа беше запрашана во врска со македонскиот јазик, портпаролката на ЕУ истакна дека во Македонија се зборува „јазикот користен од луѓето во Македонија”.
Никаде не беше користено македонски јазик, туку јазикот кои го користат граѓаните на Македонија.
Повторно срам и понижување на државата со асимилаторскиот договор кој оваа ненародна власт сака да го протне.
За сите предавства кои ги прават Ковачевски и власта ќе има одговорност и ќе одговараат за велепредавство.