Просто е неверојатно што ни се случува – ова е странска интервенција, за да се отворат преговори за Албанија, а ние никогаш да не влеземе во ЕУ, рече во својата дискусија Борислав Крмов од Левица.
„Со овој предлог, прво, ние ќе бидеме вечно закочени, значи никогаш нема да влеземе во ЕУ, а второ, ние ќе бидеме криви, на нас ќе биде префрлена вината. Дека ние не сакаме Гоце да е Бугарин, тој камен тие си го тргаат од глава. Се удоволува на фашистичките барања на Бугарија, бидејќи е нивна членка и тие се држат заедно.
За прв пат македонскиот јазик не е заштитен. Интенцијата е дека јазикот е дел од бугарскиот! Или ќе бидеме заглавени во преговорите ако ги почнеме, или ќе се согласиме дека е дијалект.
СДС со ова катастрофално владеење, сака да го оправда Преспанскиот договор, а од друга страна да не ви падне владата.
Кај нас е традиција да се бара легитимитетот, не пред народот, туку пред странскиот фактор. Просто е неверојатно што ни се случува – ова е странска интервенција, за да се отворат преговори за Албанија, а ние никогаш да не влеземе во ЕУ. За прв пат македонскиот јазик не е заштитен. Интенцијата е дека јазикот е дел од бугарскиот! Или ќе бидеме заглавени во преговорите ако ги почнеме, или ќе се согласиме дека е дијалект.
Сега сме во ситуација каде Македонците се дискриминирани од Албанците во сите институции каде доминираат Албанци, а во случајов и Македонија, затоа што дипломатијата и преговорите ги води Бујар Османи. Дали ќе се откажете од Скендербег ако треба да кренете рака за некаков предлог од овој тип за кој расправаме, ако ви кажат дека тој е Србин затоа што мајка му се викала Воислава, постариот брат Станиша, со сестри Ангелина, Влајка… Дали ќе кренете рака? А ќе кренете за ние да се откажеме од Гоце Делчев. Затоа, размислете како ќе гласате.
СДС имаат гадење, презир кон обичниот народ, додека кон странските чинители, кон оние кои имаат моќ, имаат измеќарски менталитет, менталитет на колонијални поданици, а ист е нивниот однос и кон УЧК (ДУИ).
Вие, со оваа ваша одлука си ја забрзувате пасокизацијата и ќе исчезнете како партија за најмногу четири години, јас ќе кажам – конечно!”