Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор потврди денеска дека воениот хеликоптер што се урна на северот на земјата, во државата Синалоа бил вклучен во операцијата за апсење на нарко босот од Гвадалахара Рафаел Каро-Квинтер, познат по прекарот Нарко де Наркос, пренесува Ројтерс.
Властите сè уште истражуваат што точно се случило, но несреќата се случила во крајбрежниот град Лос Мочис на крајот од операцијата, кога Кинтеро веќе бил уапсен.
Мексиканската морнарица соопшти дека 14 лица загинале, а уште едно лице е повредено при уривањето на хеликоптерот.
Кинтеро, кој е обвинет за киднапирање, мачење и убиство на американски агент за спроведување на дрога во 1985 година, е притворен во градот Шоис.
Морнарицата соопшти дека Квинтер, за кој се верува дека има 69 години, бил пронајден во грмушките од специјално тренирано куче по име Макс. САД соопштија дека ќе бараат негова итна екстрадиција.
– Нема скривалиште за некој кој киднапира, мачи и убива американската полиција. Ние сме длабоко благодарни на мексиканските власти за фаќањето и апсењето на Рафаел Каро Кинтеро – изјави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд,пренесе Телеграф.
Вашингтон понуди 20 милиони долари за негово апсење. Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.Гардијан наведува дека тој е познат како „бос на сите нарко-боовси“.
Еден од највлијателните луѓе кој во меѓувреме презеде огромен дел од бизнисот на кланот Кинтеро беше Хоакин Гузман, познат по прекарот Ел Чапо.
За првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.