Македонскиот напаѓач Илија Несторовски одигра одличен натпревар во подготвителниот натпревар на Удинезе, успевајќи да постигне два гола во ремито со Унион Берлин (3-3).
Иако го започна мечот од клупата, на терен влезе уште во 15. минута. Првиот гол на мечот Несторовски го постигна во 26. минута, а вториот падна во 43. минута од натпреварот.
Несторовски погоди и на претходната контролна средба за Удинезе, во убедливата победа над Лиенц (11-0).