Утринава (16.7.2022) полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Д.Б.од Куманово.
При претрес во домот на Д.Б. извршен со судска наредба, била пронајдена голема количина на криумчарена стока и автоматска пушка.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.