Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ.
Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите.
Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица.
Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер при нормално време. Во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, па хеликоптерот морал да слета пониско. Спасувачкиот тим потоа започнал со класично спасување.