Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците на Југот и Центарот кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина и нареди да се интензивираат акциите во сите оперативни правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Шојгу ги дал потребните инструкции за дополнително зајакнување на акциите на единиците во сите оперативни правци со цел да се исклучи можноста Киев да изврши масовни ракетни и артилериски напади врз цивилната инфраструктура и жителите на населените места во Донбас и другите региони, пренесува агенцијата Интерфакс.
Потсетуваме дека руската специјална воена операција со цел демилитаризација и денацификација на Украина започна на 24 февруари.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека Западот сака да ја победи Русија на „бојното поле“ во Украина и рече „Нека се обидат“, укажувајќи и на тоа дека Москва „сè уште не започнала сериозни работи“