Нестор-гол со нови три погодоци на подготвките за Удинезе

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Илија Несторовски со голови ќе се бори за место во италјанскиот калчолигаш Удинезе и враќање во дражавниот тим на „црвено-жолтите“.  Откако вчера постигна два гола против Унион Берлин, денеска „Нестор-гол“’ постигна уште три против словенечкиот тим Илирија (3:0) на подготвителните мечеви пред стартот на сезоната за Удинезе.

Несторовски има постигнато вкупно шест гола во три меча за Удинезе досега во подготовките, а денеска головите ги даде во второто полувреме, откако влезе во игра на стартот од вториот дел, па стрелаше во 48-та, 75-та и 87-та минута од мечот.

Несторовски беше на излезна врата поради малата минутажа и договорот што му заврши летово, но остана во Удинезе и потпиша нова едногодишна соработка.

Треба да знаете
Последни објави