Поранешниот македонски младински фудбалски репрезентативец, Али Адем по шест месеци повторно дојде на Чаир во редовите на македонскиот првак Шкупи. Поранешниот играч на Вардар, Адем (22) играше за Шкупи како позајмен играч од солунски Арис една година, од јануари до декември лани, по што зимава се врати во грчкиот тим, кој потоа на шест месеци го отстапи на Верија.
Сега, Адем се враќа на Чаир со чисти документи и ј а засилува конкуренцијата за место во тимот во средниот ред.
Шкупи утре заминува за Загреб, каде заутревечер од 21 часот ги чека првата пресметка со хрватскиот првак Динамо во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.



