Македонските ракометни надежи го растурија Косово

По ремито на стартот против Украина (23:23), денеска македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години на ЕХФ шампионатот во бугарскиот град Варна го растури соодветниот тим на Косово со 51:29. Со серија од 5:0 Македонија уште на почетокот од мечот најави дека атакува на триумфот. Пред крајот на првото полувреме македонските надежи стасаа до највисоката предност од „плус 10“ (21:11). Во второто полувреме само се зголемуваше разликата,  и таа во еден момент достина „плус 24“ (49:25, 50:26).

Ненад Белистојаноски со 10 голови беше најефикасен во македонскиот состав, каде Димитар Узунчев  постигна осум, а на спротивната страна најефикасни беа Јон Вокши со девет погодиц и Ардин Бериша со седум.

По некомплетното второ коло од групата „Б2“ македонската селекција е на првото место со три бодови, пред Романија и Швајцарија со по два, еден има Украина, а без бодови е Косово.

Следниот трет меч ракометарите предводени од селекторот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 20 јули против романската репрезентација од 14.00 часот.

Треба да знаете
Последни објави