Домаќинките завршија осмопласирани на Европското кошаркарско првенство во Скопје

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години заврши на осмото место на овогодишното издание на Европското првенство Б-Дивизија кое се одржува во Скопје.

На натпреварот за седмото место, репрезентацијата на Норвешка беше подобра од нашата женската младинска репрезентација со резултат 77:45.

Најмногу поени во тимот на Северна Македонија постигнаа Илина Селцова и Теона Поп Стојанова, по осум, додека, по седум поени забележаа Наталија Секуловска и Елена Тасевска.

Додека, на противничката страна, најефективни беа Кајрин Санфорд и Фатима Мухамед кои со 26 поени и шест скока, односно 17 поени и четири асистенции ја предводеа Норвешка.

Треба да знаете
Последни објави