Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед го потврди третото засилување за ова лето. Клубот објави дека Лисандро Мартинез е и официјално дел од тимот на „црвените ѓаволи”.
– Со задоволство објавуваме дека клубот постигна договор со Ајакс за трансферот на аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез, кој е предмет на медицински проверки, до финализирање на условите и барањата за виза во Велика Британија, стои во соопштението од клубот.
Мартинез е третото засилување на Манчестер Јунајтед, откако на тимот се приклучија Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен.
Изминатата сезона, Мартинез одигра 36 натпревари за „Ајакс”, помагајќи му на тимот да стане шампион.
За клубот од Амстердам тој има одиграно вкупно 118 натпревари од 2019 година.



