Англиската фудбалска асоцијација ќе тестира правило кое забранува игра со глава на деца до 12 години

Англиската фудбалска асоцијација доби одобрение од Одборот на Меѓународни фудбалски асоцијации (ИФАБ) да тестира правило кое забранува игра со глава на деца до 12 години.

Ова правило, кое се должи на потенцијалните ризици од повреди при игра со глава, ќе биде тестирано на дел од турнирите и првенствата во следните две години.

– Целта беше да се помогне во усогласувањето против сите потенцијални ризици кои можат да бидат поврзани со играње на топката со глава, вклучувајќи повреди од удар глава со глава, лактот со главата или контактот на глава со земја, се вели во соопштението на ФА.

Ако резултатите од експериментот се позитивни, ФА ќе побара од ИФАБ да усвои правило со кое се забранува децата до 12 години да играат со глава и тоа ќе стапи на сила од сезоната 2023/24.

Треба да знаете
Последни објави