Џенифер Лопез го покажа својот нов венчален прстен откако се омажи со Бен Афлек на забавна и лежерна церемонија во познатата капела A Little White Wedding во Лас Вегас.
52-годишната поп-ѕвезда и актерка се огласи на Инстаграм-стори во неделата за да сподели селфи без шминка за своите 280 милиони следачи. На фотографијата може да се види нов накит на прстот од левата рака.
Таа изгледа апсолутно среќна додека го споделува својот природен изглед под бели чаршафи.
На својата веб-страница таа објави билтен, потпишан „Госпоѓа Џенифер Лин Афлек, и во него има селфиња на младенците и видео од парот како се подготвува за нивниот посебен ден, вклучително и едно од Бен како се подготвува во бањата на капелата, и фотографии од Џеј Ло во нејзината венчаница.
„Го направивме тоа. Љубовта е убава. И се чини дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпеливост“, напиша таа во својата објава.
Штотуку венчани! Џенифер и Бен го врзаа јазолот во Лас Вегас три месеци откако повторно се свршија и 20 години откако актерот првпат клекна на едно колено.
Парот познат како „Бенифер“ доби дозвола за брак во округот Кларк, Невада. Дозволата била извадена во саботата на правни имиња, Бенџамин Геза Афлек и Џенифер Лин Лопез.
Американските медиуми веќе објавија дека Џенифер ќе го земе презимето на Афлек. Според извори во канцеларијата на округот Кларк, поп-ѕвездата ќе го смени своето име во „Џенифер Афлек“.