Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија од второто квалификациско коло во фудбалската Конференциска лига на УЕФА, сепак ќе се игра во Скопје. Ова го потврди македонскиот клуб Македонија ЃП.
Поради затегнатите политички односи на реалиција Македонија – Бугарија кои кулминираа со протести во Скопје поради блокадите наметнати од Софија за европската иднина на земјава се појавија информации дека УЕФА ќе го презакаже натпреаврот да се игра во Струмица, па дури и во Ниш. Сепак, мечот официјално е закажан и ќе се одигра в четврток на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ, со почеток во 17.30 часот.