Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова го освои 28. место на маратонската трка на Светското првенство во Орегон, САД. Таа ја истрча патеката со време од 2:41.20 часа.
Таа не успеа да го собори своето најдобро време (2:35:29 часа) кое е и актуелен македонски рекорд, но солидно ја претстави Македонија на атлетскиот мундијал во конкуренција на четириесет маратонки од целиот свет.
Првото место и златниот медал ѝ припадна на Готитом Гебресиласие од Етиопија со нов рекорд на Светските првенства (2:18.11 часа).