Македонскиот фудбал завиен во црно по трагичната вест за смртта на поранешниот фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожуф, Ѓорѓе Џонов.
Џонов, на свои 30 години, не ја издржа долгата и тешка битка со карциномот на белите дробови, за која пред две години се мобилизираше и целокупната македонска јавност со собирање донации за негово лекување во странство. Сепак, на крај, за жал, болеста беше посилна од него.
Џонов долги години беше дел од македонскиот прволигашки фудбал, оставајќи силна трага зад себе во клубовите за кои настапуваше. Пред две години беше восхитен по хуманитарната акција на македонската јавност која се вклучи за собирање на неопходните 100.000 евра за лекување во Турција, искажувајќи огромна благодарност за сите добри луѓе кои се јавија да му помогнат.