Македонскиот првак Шкупи утревечер му гостува на Динамо Загреб на „Максимир“ во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Хрватскиот шампион важи за голем фаворит, но тренерот Анте Чачиќ има максимален респект за ривалот.
„Шкупи е квалитетен тим, беа супериорни во првенството на Македонија, ефикасни се и примаат малку голови. Поразот на Гибралтар не треба да не залаже. Освен тоа, тренер има е нашиот Гоце Седлоски, тој одлично го познава Динамо. Сепак, тие велат дека сме фаворити и ние тоа го прифаќаме, но мора да го потврдиме и на теренот со добра игра и триумф“, изјави Анте Чачиќ во пресрет на утрешниот натпревар.
Тренерот на Динамо Загреб е на слатки маки кого да уфрли во првиот состав со оглед на огромната конкуренција, но се чини дека неприкосновени се капитенот Арија Адеми и Стефан Ристовски, кои се македонски репрезентативци.