ПО венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек, на социјалните мрежи беа објавени нивни фотографии и снимки. Помеѓу другите, фризерот на познатата актерка, Крис Еплтон, објавил видео на Инстаграм што е снимено пред церемонијата. Џеј Ло беше облечена во едноставен бел фустан.
„Ова е фустан што го имав толку многу години. Го чував и го чував и конечно морав да го облечам на денот на мојата венчавка. Чувството е неверојатно, јас сум толку возбудена”, изјавила Лопез.