Најдобрата руска тенисерка објави дека е лезбејка

Најдобрата руска тенисерка Дарија Касаткина објави дека е геј и додаде дека порано никогаш не зборувала јавно за својата сексуална ориентација, пренесе шпанскиот весник „Марка”.

Гостувајќи во поткастот на спортската новинарка Вита Кравченко, 25-годишната руската тенисерка, која во моментов живее во Шпанија, одговори потврдно на прашањето дали има девојка.

– Нема ништо полесно во животот, ми се чини, отколку да бидеш стрејт. Ако имате избор, кој ќе избере да биде геј? Да си ги го закомплицирате себе си животот?, додаде Касаткина.

Руската тенисерка е рангирана на 12 место на ВТА листата, а најдобриот пласман го имаше во октомври 2018 година кога беше на 10. место.

Треба да знаете
Последни објави