Ноле засукај ги ракавите и прими вакцина !

Актуелниот владетел на неофицијалното светско тениско првенство – Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ доби повик да ги „засука ракавите“ и да прими вакцина како би можел да настапи на АТП мастерсот во Монтреал. Одлуката да не се вакцинира му направи многу проблеми сезонава на донеодамнешниот прв тениски рекет Ѓоковиќ.

Србионот по одисејата на почетокот од годината не настапи на првиот гренд-слем турнир  Австралија опен, од каде беше протеран, потоа ги пропушти и турнирите Индијан Велс и Мајами. Поради тоа што не е вакциниран против коронавирусот мали се шансите Ноле да настапи и на турнирите во Канада и САД, меѓу кои е и последниот сезонски гренд-слем УС опен.

Треба да знаете
Последни објави