Драма во финишот во Загреб- Шкупи му зеде бод на Динамо

Македонскиот шампион Шкупи успеа да остане непоразен и со извонредни 2-2 се враќа од Загреб од пресметката со апсолутниот фаворит Динамо Загреб, откако новото јамајканско засилување Реналдо Цепас со гол на минута пред крајот го обезбеди ремито од првиот меч во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкупи се најде на чекор до минимален пораз откако Бруно Петковиќ погоди во 86-та минута, но големиот кикс и излетувањето на репрезентативецот на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, голманот на „модрите“ скапо го чинеше Динамо, па Цепас по асистенцијата на Пепи георгиев го лобуваше и донесе извонредно реми пред реваншот за седум дена во Скопје.

Ниту блесокот на макеоднскиот репреззентативец Аријан Адеми, капитенот на Динамо со гол и асистенција не беше доволен за победа на загрепчани, кои одиграа слаб меч во безмалку две третини од мечот и само во послендите 30 минути притискаа и се обидуваа да дојдат до победата, а стигнаа на чекор до неа и на крај не ја искористија.

Шкупи од првата шанса даде гол преку Кевен по пола час игра, Адеми минута пред полувремето израмни, а откако неколку шанси промашија „модрите“, Адеми асистираше за Петковиќ за водство, за Цепас на крај да обезбеди реми.

Треба да знаете
Последни објави